Dark Mode Light Mode

Совет на светиниколчанец за шетање по Скопје: Гледај доле за глава да не те боле

Како човек од внатрешноста на Македонија го гледа Скопје? На ова прашање денеска одговор преку интернет ни пратил еден светиниколчанец. По празничното вчерашно шетање низ главниот град, тој ни пишал само неколку зборови.

-Гледај доле за глава да не те боле, напишал тој.

На ова, тој уште ни доставил една фотографија од која се гледа дека инспирација за зборовите му е мостот „Обединети нации“ кој ги поврзува Карпош и Влае. Фотката на која зјае голема дупка ја дообјаснува неговата реченица. А светиниколчанецот само додал: барем мрежа нека стават под дупката, па како баскет да пропаднам во „кошот“ и дадам поен за вашите градоначалници.

Реклама

Ех, да знае светиниколчанецот колку нашите градоначалници го сакаат и ватерполото, ама не прошетал низ Скопје кога врне…

 

 

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Во Македонија на секои 100.000 жители дури 120 предвреме умираат заради лошата животна средина

Next Post

Смртноста од вирусот е голема, ќе менува ли Филипче нешто во новиот мандат?

Реклама