Dark Mode Light Mode

Градинка во Св. Николе остана затворена, вработена имала симптоми на Ковид-19

Објект кој е дел од градинката „Рахилка Гонева“ од Свети Николе денеска не беше отворен за прием и згрижување деца.

Според информациите, се чека да се направи тестирање за Ковид-19 на вработена која имала симптоми на корона вирус, по што ќе биде извесно кога градинката ќе биде отворена.

За ситуацијата се информирани родителите на 110 деца кои денеска требаше да бидат згрижени во оваа градинка.

Реклама

Од Министерството за труд и социјална политика информираат дека во останатите детски градинки згрижувањето на децата се одвива непречено согласно Протоколот за активности во установите за згрижување и воспитание на деца по укинувањето на вонредната состојба.

Од 70 функционални градинки кои имаат 311 објекти на ниво на држава, само објектот во Свети Николе денеска остана затворен.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Починаа пациенти на 44, 58 и 79 годишна возраст, новозаразени со вирусот се 72 лица

Next Post

Мамо, ги видов другарите, има и нови играчки во градинката...

Реклама