Dark Mode Light Mode

Кравата од Бит-пазар побрза од институциите, но за сега возот уште не го фатила…

Застој во сообраќајот на скопски Бит-пазар предизвикала крава која околу пладне се шетала на трите сообраќајни ленти кои од Чаир водат кон Центар. Таа слободно се движела по коловозот без притоа да биде тргната од некој од граѓаните, возачите или полицијата.

Фотографијата за овој настан денеска на социјалните мрежи ја објави скопјанецот Зоран Поповиќ кој ни изјави дека била изненаден од глетката.

-Возев од Чаир кон Бит-пазар и имаше долга колона на возила. Мислев дека се случила некоја сообраќајка, но набрзо видов дека причината за застој е кравата која што се шета по коловозот. Таа слободно си се движеше и никој не ја тргнаше. Не ми е јасно од каде се појавила, но секако не и е место на оваа прометна сообраќајница, ни рече тој.

Реклама

Во коментарите под објавата на Фејсбук-група „Ѕид на сообраќаен срам“ граѓаните наведоа дека кравата ја виделе и кај Нова Железничка станица.

 Хахаха пред 30 мин кравава беше на новиот мост кај Железничка. Ја бркаа некои луѓе, но штом стигнала од Бит – пазар била брза…напиша еден скопјанец.

-Попрво кравата во воз ќе се качи, отколку институциите да преземат нешто, напишал друг скопјанец.

Другите граѓани искажуваа чудење како е ова можно да се дозволи на градските сообраќајници. Некои се прашуваа дали е фотките се од Скопје или од Индија…

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Смртноста од вирусот е голема, ќе менува ли Филипче нешто во новиот мандат?

Next Post

Починаа пациенти на 44, 58 и 79 годишна возраст, новозаразени со вирусот се 72 лица

Реклама