Dark Mode Light Mode

Полицијата уапси дилери на дрога

Вчера околу 16.30 часот на улица „Илинденска“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово ги лишиле од слобода И.Х.(42), Н.М.(61), двајцата од Тетово и М.Р.(40) од тетовски Пирок затоа што при нивен и преглед на возилото „форд мондео“ со тетовски регистарски ознаки, во кое се превезувале, бил пронајден хероин.

Тројцата биле задржани во Полициската станица Тетово и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 01.09.2020 во 22.45 часот во тетовски Лешок, полициски службеници на СВР Тетово ги лишиле од слобода Ф.С.(38) и С.А.(47), двајцата од Тетово, затоа што при нивен и преглед на возило „фолксваген пасат“ со тетовски регистарски ознаки, што го управувал Ф.С., била пронајдена марихуана.

Реклама

Се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Поднесено обвинение за охридскиот советник Нефи Усеини и брат му

Next Post

Скопјани сведочат: И покрај забраната безгрижно си работи кафулето во Бисер каде млади без маски се журкаа завчера

Реклама