Dark Mode Light Mode

Како Шилегов стигна до рекордите со зеленило во градов?

Убаво е да се слушне кога градскиот татко ќе се пофали дека е урнат рекорд во уредувањето на зелените површини во градот. Така завчера скопскиот градоначалник Петре Шилегов се пофали дека до крајот на август се уредени 117.000 квадратни метри со подигање на нови и обновување на постоечките зелени површини. Тоа демек било за 17.000 квадратни метри повеќе од рекордот постигнат пред две години.

Но, едно паѓа во очи. Во вкупната квадратура има и категорија на „возобновено“ зеленило, како на пример тоа на булеварот „Партизански одреди“ и на некои други локации по градот. Тоа значи дека таму имало веќе уредено зеленило кое потоа се запустило и сега требало да се возобновува. А такви примери имаме на повеќе локации во градот: некогаш уредени зелени површини со текот на времето се запустувале и сега се наметнала потребата да бидат возобновувани.

Прашањето е зошто се дозволило тоа? Зошто се дошло во ситуација да еднаш направеното зеленило се исуши, се изгази, проретчи… Очигледно, подоцнежното одржување не било како што треба. Садници кои што се исушуваат неколку месеци по посадувањето затоа што никој не ги полева со вода, типичен се пример за тоа.

Реклама

Можеби во иднина и овој проблем треба да се постави во градското јавно претпријатие кое се грижи за зеленилото? Ова, за по некоја година да не се случи истото: пак да се обновува постоечкото зеленило и пак да се постигнуваат рекордите…

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Со глава ли ја скршил клупата среде Скопје?

Next Post

Ќе бидат ли Грчев и многуте други експерти пак советници во Владата и министерствата?

Реклама