Dark Mode Light Mode

Не запира црниот биланс: Пет починати, 127 новозаразени од вирусот

Во последните 24 часа во Македонија се направени 1768 тестирања, а регистрирани се 127 нови случаи на ковид-19, соопшти денеска минстерот за здравство Венко Филипче на својот профил на Фејсбук. Најмногу од новозаразените има во Скопје 38 и во Куманово 23, а потоа следат Дебар 1, Штип 3, Прилеп 15, Тетово 8, Струга 2, Велес 5, Битола 1, Охрид 1, Кавадарци 1, Гостивар 12, Струмица 1, Пробиштип 3, Пехчево 2, Берово 3, Виница 1, Делчево 3, Свети Николе 3 и Неготино 1.

-Починати се 5 лица, една пациентка од Крива Паланка (69г), двајца од Гостивар (77г и 63г), еден пациент од Неготино (69г) и еден од Скопје (70г). Сите се починати во болнички услови, се наведува во информацијата.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 60 оздравени пациенти од: Скопје 19, Дебар 1, Битола 3, Кавадарци 11, Гостивар 22, Демир Хисар 1, Кичево 2 и Неготино-1.

Реклама

Досега во земјата се направени вкупно 140.093 тестирања на ковид-19. Нема тестирања во рамките на скринингот.

-Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 13799, бројката на оздравени пациенти е 10210, на починати е 573, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3016, се наведува во објавата.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Вандалите во Аеродром не ги дрма ниту струјата, ниту полицијата

Next Post

Шилегов пак вети дека „Лајка“ набргу ќе проработи, во меѓувреме преброени се 2.500 кучиња скитници

Реклама