Dark Mode Light Mode

Шилегов: Наскоро конкурс за реконструкција на Универзална, јас сум за што поскора изградба на нова сала

По конкурсот за паркот наскоро ќе биде распишан и конкурсот за реконструкција на Универзална сала, а јас сум за тоа што поскоро да започне изградбата на нова сала на местото на оранжериите на ЈП „Паркови и зеленило“, изјави скопскиот градоначалник Петре Шилегов на денешната трибина посветена на иднината на овој објект.

Тој додаде дека треба внимателно да се пресмета колку би чинела реконструкција на салата за која неодамна беше најавено дека ќе се урива, а што повлече револт и противење на граѓаните.

– Она што ќе одлучиме сега да го направиме, е судбина на градот во наредните 40 години, рече скопскиот градоначалник.

Реклама

На трибината што се одржа во просториите на МКЦ учествуваа претставници на државни и културни институции, здруженија на граѓани од областа на културата, спортот и архитектурата, како и претставници на организатори на фестивали и културни манифестации. Модераторот на трибината, советникот во Советот на Град Скопје, Васко Лазаревски, на почетокот предочи дека од Градот Скопје се разгледуваат 3 опции во врска со Универзалната сала.

-Опциите се постојната сала да се реизгради на истото место; да се изгради нова сала на нова локација, или, во исто време и да се обнови стариот објект и да се гради нова сала, рече Лазаревски.

Инаку, на одржувањето на оваа трибина денеска реагираше ВМРО-ДПМНЕ, опозициска партија во Советот на Град Скопје смета дека расправата била фингирана, а поголемиот дел од учесниците биле луѓе блиски до власта или луѓе кои имаат придобивки од самата власт.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

ВМРО-ДПМНЕ: Шилегов со луѓе блиски до власта организираше фингирана расправа за Универзална

Next Post

Измамник одзел 2.000 евра од скопјанка лажејќи дека ќерка ѝ предизвикала сообраќајка

Реклама