Dark Mode Light Mode

Народна банка до Костовски: Нашите надлежности престанаа на денот кога беше укината дозволата

Народната банка во соопштение реагира на денешниот јавен апел на Трифун Костовски, сопственикот на „Еусростандард банка“ да се повлече одлуката за стечај на банката.

„Народната банка ја укина дозволата за основање и работење на ‘Еуростандард банка’ АД Скопје на 12 август 2020 година, поради несолвентност на банката, односно неисполнување минимални законски услови за работа на банка, при неостварување на преземената обврска од сопствениците за навремено обезбедување на неопходниот капитал за работа на банката, од сопствени извори или од потенцијален инвеститор којшто ги исполнува законските услови и критериуми за акционер на банка.

Согласно со законската регулатива, со денот на донесувањето на решението за укинување на дозволата за основање и работење на банка, банката престанува со работа и престануваат надлежностите на Народната банка.

Реклама

Како што веќе имаме истакнато, при остварување на своите законски утврдени цели и задачи, Народната банка се води исклучиво од законите, притоа штитејќи го интересот на граѓаните“, велат од Народната банка.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Од денеска во функција новиот алгоритам за оздравување пациенти заболени од Ковид-19

Next Post

Агатангел со повик за протест пред седиштето на ЕУ: Да за интеграциите, но не понижени

Реклама