Dark Mode Light Mode

Зошто не постават 60 потпретседатели на парламентот?

Се сеќавате ли колку силно ветуваа дека ќе се намали бројот на функционерите во Македонија? Цело предизборие за тоа зборуваа, демек ќе штеделе државни пари. И сега најавуваат пет потпретседатели на македонското собрание.

За што служат потпретседателските функции во македонскиот парламент: за реални потреби на законодавниот дом или за задоволување на функционерски апетити на пратениците? Вакво прашање се наметнува во пресрет на денешната собраниска седница за која што е предложено да се изврши изборот на дури пет потпретседатели на Собранието. Ова ќе биде по вторпат како се избираат петмина потпретседатели откако тоа за првпат се воведе во мандатен период од 2016 до 2020 година. Претходно, во три мандатни периоди на парламентот имаше само тројца потпретседатели.

Кои биле реалните потреби за во парламентот да има пет наместо тројца потпретседатели не беше образложено. Собранието во целиот период од 2008 до 2020 година работи со речиси ист број на пратеници и со горе-долу сличен број на седници и точки за расправа. Но, парламентарно мнозинство од 2016 година проценило дека свои посебни кабинети, повисоки плати и други привилегии треба да добијат петмина пратеници кои ќе бидат именувани за потпретседатели. А кога ќе се види кој се беше предложен за таа функција јасно станува дека се работи за задоволување на функционерски апетити на партиите од владина коалиција.

Реклама

-Демократијата е скапа играчка, но изгледа само во Македонија важи правилото, што поскапо тоа е поголема демократија! Нема економска оправданост и причина за толкав број потпретседатели на Собранието, реагира денеска Трајко Вељаноски, поранешен претседател на македонскиот парламент.

Мандатарот за новата влада Зоран Заев неодамна најави дека ќе ги укине министерски функции „без ресор“ кои до сега постоеја во Владата и со кои има се наоѓаа високи функции на партнерите во владина коалиција. Но, за жал, ова најава за „штедење“ не се примени и во случај на Собранието кое ќе треба да издвојува дополнителни средства за потпретседателите кои, очигледно, ќе се множат како што се множат партнерите во владината коалиција… и сега ќе се даваат нови кабинети, нови службени возила, нови дневници, нови поголеми плати, нови…

Па кога вака тргнале зошто не постават 60 потпретседатели на парламентот, по еден на секој „обичен“ пратеник? Нека шефуваат, нека…

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

На кој датум ќе се соопшти датумот на почетокот на учебната година?

Next Post

Празникот Успение на пресвета Богородица на Матка ќе се чествува на отворено  

Реклама