Dark Mode Light Mode

Во Центар се казнуваат бучни кафе-барови, но дали само ако граѓани пријават?

Прекршочна глоба во висина од 500 евра во денарска противвредност му е изречена на локалот „Бруклински“ заради преголемата бучава, соопшти денеска општина Центар. Во информацијата до јавноста се наведува дека инспекциските служби реагирале по пријавата од граѓаните.

-По пријава на граѓани, на ден 15.8.2020, Секторот за инспекциски работи изврши мерење на бучава во локалот „Бруклински“, при што беше констатирано надминување на граничните вредности за бучава, се наведува во информацијата.

Неодамна, оваа општина заради истиот прекршок го санкционира и кафе-барот „Интермецо“. И во овој случај инспекциските служби реагирале по добиените поплаки од страна на граѓаните.

Реклама

Очигледно, било потребно да се добијат реакции од граѓаните за инспекциските служби да излезат на терен, да ги извршат мерењата и да се утврди дека нивото на бучавата е преголемо. Но, прашањето е, зошто мораше толку да се чека, граѓаните да бидат изложени во подолг период на преголема бучава за да мораат да се обратат на инспекцијата за да реагира. Не можеше ли инспекцијата самоиницијативно да утврди кои угостителски објекти „емитуваат “ прегласна музика? Значи ли ова, дека пак ќе се чека на некоја трета поплака на граѓаните…

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Тројца тешко повредени во верижен судир на три возила

Next Post

Имам убиено повеќе комарци од авионите на Шилегов...

Реклама