Dark Mode Light Mode

Починаа четири лица од вирусот, 78 се новоинфицирани, а 40 оздравени

 Во последните 24 часа во Македонија се направени 860 тестирања, а регистрирани се 78 нови случаи на ковид-19, соопшти Венко Филипче, министер за здравство преку Фајсбук. Од нив, најмногу се во Скопје – 28, а потоа следат Куманово 5, Дебар 4, Прилеп 8, Тетово 4, Битола 1, Охрид 1, Кавадарци 2, Гостивар 8, Радовиш 1, Кочани 2, Пробиштип 1,Македонски Брод 1, Берово 4, Делчево 3, Кичево 3 и Неготино 2.

Починати се четири лица, двајца пациенти од Гостивар на 71 и 82 години и 73 годишна пациентка од Тетово. Од нив двајца се починати во, а еден вон болнички услови. Почина и пациентка од Куманово на 68 години, примена во амбуланта на Инфективна клиника без срцева акција, а по обидот за реанимација констатирана е смрт, се наведува во објавата.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 40 оздравени пациенти од: Скопје 13, Прилеп 1, Велес 2, Гостивар 9, Кочани 2, Македонски Брод 3, Свети Николе 1 и Кичево 9.

Реклама

Досега во земјата се направени вкупно 138.325 тестирања на ковид-19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 13673, бројката на оздравени пациенти е 10150, на починати е 568, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2995.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Ги нападнал таткото и ќерката кои се обиделе да го спречат во кражба на три телевизори  

Next Post

Се прави платформа за пратениците да може да работат и гласаат од дома

Реклама