Dark Mode Light Mode
Ја прегазил со мотор па избегал
Ги нападнал таткото и ќерката кои се обиделе да го спречат во кражба на три телевизори  
Починаа четири лица од вирусот, 78 се новоинфицирани, а 40 оздравени

Ги нападнал таткото и ќерката кои се обиделе да го спречат во кражба на три телевизори  

Обвинение за разбојничка кражба е поднесено против 35-годишен скопјанец кој се обидел да украде три телевизори од угостителски објект на улицата „С. Георг – Шнајдерот“ во Скопје, соопшти Јавното обвинителство Скопје.

Во соопштението се наведува дека тој употребил физичка сила против таткото и ќерката кои се обиделе да го спречат во кражбата.

– Тој преку прозорецот влегол во угостителскиот објект и одзел три телевизори во вкупна вредност од 105.000 денари. Но, притоа бил затекнат од оштетениот и неговата ќерка, кои се обиделе да повикаат полиција. Во тој момент, обвинетиот ја удрил оштетената со тупаница во пределот на главата, ја турнал и се обидел да го удри нејзиниот татко, кој го одбил ударот со рака. Обвинетиот се обидел да избега од местото на настанот со својот мотор со приколка, но оштетениот и случаен минувач успеале да го задржат. За тоа време, оштетената настанот го пријавила во блиската полициска станица, информираат од ОЈО.

Реклама

Обвинителството бара лицето и натаму да остане во притворот.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Ја прегазил со мотор па избегал

Next Post

Починаа четири лица од вирусот, 78 се новоинфицирани, а 40 оздравени

Реклама