Dark Mode Light Mode

Приказната продолжува: Чаир бара уривач на дивоградбата кај Мавровка…

Денеска е денот „Д“ за дивоградбата во Мавровка, што никна на местото на некогашна „Фонтана“ откако изгоре во мистериозен пожар во среде ноќ – за време на полициски час. После два пропаднати тендери за да се најде фирма – јунак која ќе ја урне дивоградбата, на кои ниедна не се пријави, денеска општина Чаир ќе состанчи за да одлучува што понатаму. Клучното прашање што ги револтира скопјани е дали општината навистина сака да ја урне дивоградбата, или прави се за да не се случи тоа?

Логичната дилема произлезе очекувано, откако се утврди дека општината прво тврдеше дека регуларно се гради за потоа наеднаш да излезе дека е дивоградба. И не само тоа, по некое време градоначалникот дури и објаснуваше дека не можат да го најдат инвеститорот бидејќи „не знаат кој е“. Па, како тогаш добил дозвола за градба, а потоа тврдат дека не го познаваат?!

-Во нормалните држави градоначалникот до сега ќе си поднесеше оставка, а само во Македонија, за ваква ситуација почнуваат да си ја префрлуваат топката. Како сега, на пример, скопскиот на чаирскиот градоначалник, МВР на обвинителство и никој не е одговорен…
-Оваа „приказна“ ќе остане како онаа за платформите кај Матка. Тие беа дрвени па никој не ги урна, а не па сега бетонскиве плочи две плус столбови. Веќе е „дежа ву“… – коментираат секојдневно жителите на главниот град.

Реклама

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

87 новозаразени од вирусот, починале 5 пациенти

Next Post

Со „Спиењето на Макс Рихтер“ и „Зборувај за да те видам“ стартува 11-от „Македокс“

Реклама