Dark Mode Light Mode

Тешка сообраќајка: Загинаа двајца мигранти, повреден и полицаец

Двајца мигранти загинаа, а десетина други лица меѓу кои и еден полицаец се повредени во судирот меѓу две возила што доцна синоќа пред полноќ се случил кај клучката за Радовиш на патот Струмица – Штип. Полицијата соопшти дека во судирот учествувале џип „Ауди Q7“ во кој се превезувале 12 мигранти од Сирија и товарно возило во сопственост на полицијата.

МВР соопшти дека во несреќата еден од мигрантите починал на лице место, а вториот им подлегнал на повредите во болница.

-На местото на незгодата починал еден од мигрантите, а еден им подлегнал на повредите во Медицинскиот центар Штип. Останатите лица се здобиле со тешки телесни повреди, додека еден полициски службеник се здобил со телесни повреди, констатирани во Медицинскиот центар Штип. Извршен бил увид на местото на незгодата од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Струмица, се наведува во соопштението од МВР.

Реклама

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

78-годишен велосипедист од Долно Лисиче удрил во ограда и починал

Next Post

Заслужија единица: вака не се подготвува наставен час, а не пак, школска година

Реклама