Dark Mode Light Mode

Им се бендисал столб за улично осветлување во Чаир па си го пресекле

Дојде време крадците во Скопје да не бираат што ќе украдат. Во арсеналот на работи кои се предмет на кражби на подрачјето на градот влегоа и столбовите за улично осветлување. Ваква кражба се случила вчера на подрачјето на скопската општина Чаир а за неа информира скопскиот градоначалник Петре Шилегов. Тој соопшти дека настанот се случил на прометната сообраќајница улицата „Цветан Димов“.

-Вчера на ул. „Цветан Димов“ во Чаир беше пресечен и однесен еден од столбовите за улично осветлување. Благодарение на совесните граѓани кои го пријавија случајот, сторителите беа фатени на дело, заработија казни од градската инспекција и полицијата, а до крајот на денот столбот беше повторно подигнат на истото место, објави Шилегов на својот профил на социјалната мрежа Фејсбук.

Тој не објасни со какви мотиви и цел била извршена оваа невообичаена кражба. Но, очигледно, по кражбите и оштетувањата на урбаната опрема каква што се канти, контејнери, цвеќе… сега надлежните ќе треба да се справуваат и со опасноста од кражби на столбови за улично осветлување. 

Реклама

Едноставно крадците се осилија оти многу слабо ги гонат и казнуваат.

 

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Се обиделе да украдат музички инструменти од Горан Алачки, полицијата ги спречила

Next Post

За неносење маски казнети 385 граѓани 

Реклама