Dark Mode Light Mode
141 новозаразен, 175 оздравени и две лица починати од Ковид-19
Мицкоски со пратеници ќе оди кај Пендаровски за да види врз основа на што го додели мандатот на Заев
Одрон на земја усмрти работник при ископ на канализација

Мицкоски со пратеници ќе оди кај Пендаровски за да види врз основа на што го додели мандатот на Заев

Отчет од шефот на државата Стево Пендаровски зошто му го дал мандатот на Зоран Заев кој нема обезбедено парламентарно мнозинство побара денеска Христијан Мицкоски, лидер на ВМРО-ДПМНЕ. На прес конференцијата тој побара Пендаровски да ги прими на средба него и дел од пратениците од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ денеска во 15:30 часот.

-Ќе се упатиме од овде, од седиштето на ВМРО-ДПМНЕ кон канцеларијата на претседателот, да видиме врз основа на кои докази Заев го убедил да го добие мандатот. Апелирам Пендаровски да не прими мене и уште еден пратеник и да разговараме за доказите врз основа на кои пратеникот Заев го убедил дека поседува мнозинство во парламентот каде ќе се гласа новата Влада. Во спротивно, Стево Пендаровски го крши Уставот, нагласи Мицкоски.

Тој обвини дека со ваквиот чин бил прекршен Уставот.

Реклама

-Денеска бевме сведоци на очигледно кршење на Уставот, а од денес активен учесник во тоа е и Пендаровски. Тој без никаков доказ денеска му го даде мандатот на Заев. Пратеникот Заев и самиот кажа дека нема мнозинство. Претседателот на државата беше активен учесник во прогласувањето на вонредните состојби според потребите на Зоран Заев и СДСМ за да се организираат изборите, рече Мицкоски.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

141 новозаразен, 175 оздравени и две лица починати од Ковид-19

Next Post

Одрон на земја усмрти работник при ископ на канализација

Реклама