Dark Mode Light Mode
Сончево и топло, за викендoт нестабилно
Авионите пак ќе брмчат прскајќи против жилавите комарци
Гореа две возила на ЕВН во Тетово

Авионите пак ќе брмчат прскајќи против жилавите комарци

Почнувајќи од викендов па сѐ до наредниот петок Град Скопје ќе ја изврши четвртата фаза од дезинсекцијата против возрасни форми на комарци.

Авионската дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против возрасни форми на комарци, ќе се реализира на 15.08.2020 (сабота) и 16.08.2020 (недела), во раните утрински часови.

-Терестичната дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против возрасни форми на комарци, ќе започне на 17.08.2020 (понеделник) и ќе заврши најдоцна до 21.08.2020 (петок), во период од 21:00 до 3:00 часот, наредниот ден, соопштија од Градот Скопје.

Реклама

Терестичната дезинсекција против ларви од комарци ќе се реализира на 19.08.2020 (среда), во текот на денот.

Да се надеваме дека овој пат прскањето ќе биде далеку поуспешно од претходните, бидејќи комарците и понатаму се честа појава во Скопје.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Сончево и топло, за викендoт нестабилно

Next Post

Гореа две возила на ЕВН во Тетово

Реклама