Dark Mode Light Mode

141 новозаразен, 175 оздравени и две лица починати од Ковид-19

Министерството за здравство денеска информираше дека е потврден 141 нов случај на Ковид-19 од вкупно направени 1.848 теста во изминатово деноноќие во Македонија.

Регистрирани се 48 случаи во Скопје, 21 во Куманово, 15 во Штип, девет во Кавадарци, по седум во Битола и Виница, пет во Кичево, по четири во Гостивар, Струмица, Кочани и Македонски Брод, три во Свети Николе, по два во Дебар и Пробиштип, и по еден случај е регистриран во Прилеп, Струга, Гевгелија, Демир Хисар, Берово и Неготино.

Починале две лица, односно, пациент од Скопје на 88 години во болнички услови и пациентка од Кичево на 80-годишна возраст вонболнички услови, се наведува во информацијата.

Реклама

Институтот за јавно здравје регистрирал 175 оздравени пациенти, односно, 56 од Штип, 37 од Скопје, 27 од Куманово, 14 од Гостивар, 11 од Свети Николе, седум од Кичево, по пет од Гевгелија и Тетово, четири од Кавадарци, три од Прилеп, два од Радовиш и по еден од Битола, Демир Хисар, Македонски Брод и Ресен.

-Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 12357, бројката на оздравени пациенти е 8662, на починати е 532, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3163, се наведува во информацијата.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Заев го доби мандатот од Пендаровски, владиното мнозинство уште се бара

Next Post

Мицкоски со пратеници ќе оди кај Пендаровски за да види врз основа на што го додели мандатот на Заев

Реклама