Dark Mode Light Mode
Сончево, попладне со краткотрајна нестабилност
Во вториот лет од Скопје кон Финска имало пет позитивни патници на вирусот, а 17 одбиле да прават тест
80.000 до 120.000 лица во Македонија до сега биле во контакт со вирусот

Во вториот лет од Скопје кон Финска имало пет позитивни патници на вирусот, а 17 одбиле да прават тест

Меѓу 146 патници кои во вторникoт вечерта со авио од Скопје допатувале во финскиот град Турку имало пет позитивни лица на корона вирус, соопштија финските здравствени власти.

Мико Пиетила, шеф на регионалната болница на југозападна Финска, изјави дека двајца од заразените се фински државјани, а тројца се по потекло од Балканот кои живеат во Финска. Тој информира дека сите петмина се хоспитализирани, но не посочи детали за нивната здравствена состојба.

Тестирани биле 129 патници од авионот, а 17 одбиле да направат тест. Локалните власти во Турку во вторникот соопштија дека сите патници од летот од Скопје се ставени во карантин и ќе бидат тестирани. Најавија дека надлежните институции ќе контролираат дали карантинот се почитува, а за негово евентуално прекршување се предвидени казни.

Реклама

Претходно, финските власти соопштија дека од 157 патници кои во саботата со авион од Скопје пристигнаа во Турку, по направените тестирања, 26 биле позитивни на Ковид-19.

Трисетина патници од саботниот лет се жители на Турку, а најголем дел од останатите се од регионот Усимаа и други делови на Финска. Иако нема официјална информација за идентитетот и националноста на заразените, финските медиуми пренесуваат дека десетина се жители на Турку.

Македонското Министерство за здравство соопшти дека според информациите на службите од Скопскиот аеродром и граничната полиција, повеќето од 157-те патници во првиот авион се државјани на Косово и на Финска, а само двајца се македонски граѓани. Најголем дел патувале со косовски пасош (95 лица), со фински пасош (60 лица), а останатите се со македонски (2), албански, бугарски, естонски и шведски пасоши. Станува збор за патници, иселеници, кои доаѓаат во Македонија или транзирираат преку земјава од различни причини, а потоа се враќаат на работа во Западна Европа, за кои со дозвола за престој или државјанство од ЕУ не важат рестрикциите при влез и излез од земјата.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Сончево, попладне со краткотрајна нестабилност

Next Post

80.000 до 120.000 лица во Македонија до сега биле во контакт со вирусот

Реклама