Dark Mode Light Mode

Од денеска отворени вратите на Археолошкиот музеј за посетители

Откако ковид кризата му стави клуч на врата веќе околу 4 месеци, денеска Археолошкиот музеј ги отвора вратите за своите посетители. Беше затворен на 11 март по итна препорака од Министерството за здравство.

-Археолошкиот музеј од утре, вторник, 21.07.2020, ги отвoра своите врати за посетителите согласно препораките и новиот протокол за посета на музеј. Носењето маска е задолжително во текот на целата посета. Задолжително дезинфицирање на рацете пред влегување во музејот. Одржување дистанца од 1,5 до 2 метри пред билетара, како и во поставката. Препорачуваме бесконтактно плаќање со картичка. Забрането допирање на изложените експонати, соопштија од музејот.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Зошто пукање на семејна веселба е казниво, но не и за време на политичко славење по избори?

Next Post

Поради дефект без вода ќе останат дел од жителите во Ѓорче Петров

Реклама