Dark Mode Light Mode

Промоција на првенчето на младиот писател Денис Бојаров, вечерва во МКЦ

„Нека играат децата“ е првата книга на младиот писател, 33-годишниот Денис Бојаров, што ќе биде промовирана вечерва на платото пред МКЦ од 20 часот.

Станува збор за збирка раскази наменета за различни возрасни категории, која обработува социолошки, психолошки и филозофски теми поврзани со децата, со семејството, но и со човекот воопшто.

Писателот Венко Андоновски за првенчето на Бојаров вели дека е вешто и мајсторски напишано и со префинет стил.
-Се работи за поучни раскази што носат многу силна порака и што ќе ви послужат да ги стоплите односите во семејството, ќе ја разбудат емпатијата во вас, ќе ве потсетат, научат и освестат за вашиот однос и внимание кон децата, животните и природата, ќе ви овозможат да доживеете душевен ораториум, вели Андоновски.

Реклама

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Граѓаните жестоко контра „Водовод“: Наместо да простувате долгови, вие дури ја „сечете“ можноста за плаќање на рати!

Next Post

Македонците нема да може да влезат во ЕУ до септември

Реклама