Dark Mode Light Mode

„Проект Скопје“ од 21 до 23 октомври

Архитекти од Јапонија, Холандија и САД ќе се соберат во Скопје од 21 до 23 октомври на тема моќта на урбанизмот и архитектурата – 55 години по планот на Кензо Танге за Скопје. Организацијата е од страна на Архитектонскиот факултет при УКИМ во рамки на одбележувањето 70 години од неговото основање. Настанот е насловен „Проект Скопје“.

По разорниот земјотрес во 1963 година, кој остави повеќе од 80 отсто од зградите во урнатини, Обединетите нации вложиле исклучителен напор за реконструкција и редизајн на Скопје, поканувајќи во обновата да се вклучат голем број светски архитекти, меѓу кои Кензо Танге од Јапонија, Јап Бакема и Ван ден Брук од Холандија како и Константин Доксиадис од Грција. Нивните проекти биле потврда на идејата дека модерните градови и општествата можат да бидат проектирани и реконструирани преку идеи и концепти кои се својствени на архитектурата и урбанизмот, а притоа и се длабоко хуманистички.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Од форма на јајце до уривање заради парк: Како култната Универзална сала ги „инспирираше“ скопските градоначалници

Next Post

Во болниците низ Македонија примени се 428 пациенти поради коронавирус

Реклама