Dark Mode Light Mode

Се поставува сигнализација за еднонасочен сообраќај на улиците близу Градскиот парк

Во согласност со основниот сообраќаен проект за урбаната четврт Парк и добиеното решение за измена на постојаниот режим за сообраќај, Општина Центар започна со поставување сообраќајна сигнализација за воведување еднонасочен режим.

Во интерес на зголемување на безбедноста и подобрување на проточноста, започнати се активности за поставување сообраќајна сигнализација за еднонасочен режим на улицата „Ристо Шишков“.

Во наредните денови ќе продолжат активностите за воспоставување еднонасочен сообраќаен режим и на улиците: „8 Март“, „Руса Плевева“, „Јордан Хаџи Константин Џинот“, „Кукушка“ и „Благоја Страчков“.

Реклама

Поставувањето нова сообраќајна сигнализација ќе овозможи намалување на сообраќајот и протокот на возила, како и зголемена безбедност за пешаците, велосипедистите и подобрување на начинот на живот на жителите во овој дел од градот, велат од општината

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе тужби до Управниот суд

Next Post

Починаа 10 лица заразени со коронавирус, регистрирани 96 нови случаи во земјава

Реклама