Dark Mode Light Mode

Во сабота трето прскање против комарците, ќе биде ли барем ова од корист за скопјани?

Третата фаза од авионската дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против ларви од комарци, ќе се изврши на 11.07.2020 година (сабота), во раните утрински часови, информира денеска Градот Скопје.

Во соопштението се наведува дека доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, истата ќе се изврши во истиот термин првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни.

-Се известуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите, се наведува во информацијата.

Реклама

Третото авионско прскање на комарците следи откако граѓаните преку социјалните мрежи споделија искуства од кои се гледа дека досегашното авионско и терестерично прскање немаа големи ефекти. Комарците, но и мувите и други инсекти, се значително присутни во поголемиот дел од скопските населби.

Како што и „Скопско ехо“ пишуваше во своите коментари граѓаните поставуваат прашање дали е избран најсоодветен преапарат за запрашување и дали тоа се врши според потребните стандарди?

Надлежните од Градот Скопје, до сега, не одговорија на ваквите забелешки на граѓаните и не соопштија со какви средства се врши дезинсекција. Да се надеваме дека барем следното прскање ќе биде од корист за скопјани.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Владата предизборно дели пари од кредити, а штеди ли на виски, сортно вино...?

Next Post

Комбе со 50 мигранти се преврте кај Струмица, повеќе повредени, возачот избегал

Реклама