Dark Mode Light Mode

Заев: Препознав дека разговарам со лажна Грета и повеќе од времето молчев

Во врска со објавениот разговор на Зоран Заев со лажната Грета Тумберг, лидерот на СДСМ објасни дека било важно оти власта сватила дека станува збор за хибриден напад на телефоните на владата од пранкери. Заев, вели дека препознал дека разговарал со лажен лик.

За разговорот со „пранкерите“, кои се претставувале како познатата екоактивистка, во ноември лани кога Заев беше премиер информираа и од Владата, велејќи дека станува збор за хибриден напад, а вчера руските „пранкери“ го објавија разговорот на Јутјуб.

-Тогаш објавивме детали, гледате дека во разговорот повеќе од времето молчам затоа што во текот на разговорите тоа го препознавме и останавме да зборуваат комплетно за да можеме веднаш тоа да го објавиме. Го информиравме семејството на Грета да знаат, тие и тогаш имаа официјална реакција колку се згрозени од злоупотребата на идентитетите на славни личности. Сето тоа кажува колку овој нов свет може да биде загрозувачки за државите, граѓаните, градовите, поединците и сл. Дефинитивно треба да бидеме уште повеќе подготвени во општеството, објасни денеска Заев.

Реклама

Инаку, пред лажното претставување како Грета Тунберг, русите пранкери објавија дека го измамиле за Заев и разговарале со него претставувајќи се како поранешниот украински претседател, Петро Порошенко, и генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Убава акција: Од утре во Аеродром ќе се собира кабаст отпад, аеродромци се на потег

Next Post

Боки 13 преку писмо откри дека пријавил 40-на функционери од извршната власт и бизнисмени

Реклама