Dark Mode Light Mode

Половина од 168 новоинфицирани се од Скопје, тројца починати од вирусот

Министерството за здравство денеска информира дека во последните 24 часа во Македонија се направени 1470 тестирања, а регистрирани се 168 нови случаи на ковид-19. Речиси половина од новите случаеви се во Скопје – 83, а потоа следат Куманово-8, Дебар-2, Штип-6, Прилеп-3, Тетово-26, Струга-5, Битола-2, Охрид-8, Гостивар-8, Крива Паланка-1, Крушево-1, Кочани-1, Пробиштип-2, Македонски Брод-1, Свети Николе-4, Кичево-6, Ресен-1.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 70 оздравени лица од: Скопје-48, Тетово-18, Велес-1, Гостивар-1, Кочани-1, Ресен-1.

Починати се 3 лица, двајца пациенти од Скопје и еден од Гостивар. На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа двајца пациенти на возраст од 66 и 70 години. Во ГОБ „8 септември“ почината е пациентка на 63 години по приемот, кај која вирусот е потврден постмортем, се наведува во информацијата.

Реклама

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 7572, бројката на оздравени пациенти е 3624, на починати е 362, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3586.

Од вчерашните тестови два се контролни, во моментов дистрибуцијата по градови е следна: Скопје 3656, активни 1928, Куманово 818, активни 179, Дебар 120, активни 67, Штип 411, активни 166, Прилеп 289, активни 58, Тетово 831, активни 351, Струга 288, активни 187, Велес 198, активни 36, Битола 65, активни 24, Охрид 218, активни 189, Кавадарци 22, активни 15, Гостивар 188, активни 115 итн.

Досега во Македонија се направени вкупно 72.690 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Каде се кандидатите од листите во кампањата, имаме прашања за нив?

Next Post

Фрлете ги старите фотелји пред овие избори, следните се дури догодина

Реклама