Dark Mode Light Mode

Се преполни касата: Казни за 455 граѓани, не носеле маски

Вкупно 455 граѓани во изминатово деноноќие направиле прекршок со неносење на заштитни маски, соопшти МВР.

Казна за ваков вид прекршок изнесува 20 евра во денарска противвредност.

-Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел  справување со Ковид -19, се наведува во соопштението.

Реклама

Инаку, според последните поратови од МВР од пред два дена ваков прекршок е констатиран кај вкупно 27.326 граѓани во Македонија. Тоа значи дека повеќе од половина милион евра ќе треба да платат оние македонски граѓани кои до сега го направиле прекршокот со неносењето на заштитни маски во јавни простории или отворени места каде не може да се држи дистанца. 

Носењето на заштитна маска е воведено како обврска од 23 април годинава. Со оглед на фактот дека казната за ваков вид прекршок изнесува 20 евра во денарска противвредност, тоа значи дека вкупно за казни овие граѓани ќе треба да издвојат 546.520 евра.

Засега не е соопштено дали има некој граѓанин кој е казнет повеќе од еднаш и во кој дел од Македонија, односно во кој град, полицијата морала да напише најмногу казни.
Дали овие високи цифри ќе ги натераат граѓаните да бидат поодговорни и да носат маски ќе се види со следните статистики на МВР.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Боки 13 по третпат ќе дава исказ за кривичните пријави кон функционери, бизнисмени...

Next Post

Владата предизборно дели пари од кредити, а штеди ли на виски, сортно вино...?

Реклама