Dark Mode Light Mode

126 нозаразени – најмногу во Скопје и Тетово, починаа четири пациенти

Во последните 24 часа се направени 1140 тестирања, а регистрирани се 126 нови случаи на ковид-19, соопшти пред малку Министерството за здравство. Најголем број се забележани во Скопје – 66 и Тетово – 19, а во останати градови состојбата е ваква: Куманово 6, Штип 15, Прилеп 3, Струга 2, Велес 2, Битола 1, Кавадарци 4, Гостивар 2, Пробиштип 2, Свети Николе 1 и Ресен 3

Починати се 4 лица, по еден пациент од Скопје, Прилеп, Тетово и Гостивар, се наведува во информацијата.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 48 оздравени пациенти: Скопје 43, Штип 1, Битола 1 и Ресен 3

Реклама

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 6334, бројката на оздравени пациенти е 2475, на починати е 302, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3557, информира Министерството.

Досега во Македонија се направени вкупно 60.773 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Аптекарката викала и побегнала, побегнал и разбојникот кој сакал да ја ограби

Next Post

39-годишен скопјанец нападнал 11-годишно дете

Реклама