Dark Mode Light Mode

Прашања до докторите на Клинички центар

Видов медицинарите во Клинички центар не биле задоволни од покачените плати. Беше споменато дека доктор специјалист во Клинички центар има 55.300 денари основна нето-плата, а медицинска сестра со средно стручно образование 22.700 денар , а со факултет 27.850 денари. Ми се испомешаа чуствата, дали да ги поддржам во незадоволството или да им кажам дека претеруваат.

Си ги поставив веднаш овие прашања:

Навистина, Заев им вети дека ќе им даде 100.000 денари плата, но зарем му веруваа? Навистина мислат дека Македонија може да плати 100.000 денари на секој специјалист? Навистина мислат дека сите заслужуваат 100.000 денари што не е малку пари?

Реклама

Од друга страна знам дека има еден мал процент на лекари во Клинички кој навистина заслужува вака високи плати. Си ја вршат работата како што треба, ги бива во занаетот, а и заинтересирани се за здравјето на луѓето. Но тие се малку. Затоа треба да се престане со урамниловки и да се најде начин тие кои заслужуваат да земаат добри плати, а не сите. А другите треба да запнат и да си ја работат работата како што треба, бидејќи многу пациенти не се задоволни.

Јас сум биолог во приватна фирма и работам многу, а земам 28.000 денари плата. Затоа нека не претеруваат медицинарите, а и нека не веруваат во ветувања на Заев.

Емил

Почитувани,
Преку рубриката „СКОПЈЕ КОМЕНТИРА” можете да испратите пораки до скопските градоначалници или други функционери кои земаат државна плата за се она што мислите дека треба да го поправат, доправат, направат, исчистат… или пак да ги пофалите за нешто добро сработено. Сите ваши фотографии и краток коментар може да ни ги испратите на е­маил: skopskoeho @yahoo.com.Во зависност од просторот и соодветноста на пораките Редакцијата на „СКОПСКО ЕХО” поголемиот дел од нив ќе ги објави во весникот, а сите на порталот sk.kuku.mk/.

 

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Доста ми е од корони на телевизорот, држам дистанца

Next Post

Зошто младите ни се се поагресивни?

Реклама