Dark Mode Light Mode

Вториот бран не стивнува: 118 новозаразени, починаа четири пациенти од вирусот

Во последните 24 часа се направени 1363 тестирања, а регистрирани се 118 нови случаи на ковид-19, соопшти пред малку Министерството за здравство. Најмногу случаи пак има во Скопје 55, а потоа следат Куманово 9, Дебар 1,Штип 1,Прилеп 4,Тетово 20,Струга 2,Велес 2,Битола 1,Охрид 9,Гостивар 4,Гевгелија 1,Струмица 2, Свети Николе 1,Кичево 1 и Ресен 5.

Во ГОБ „8 септември“ починати се четири лица од Скопје – пациент (58г) примен на 9 јуни, пациент (73г) хоспитализиран на 26 мај, пациентка (73г) примена во боницата на 22 јуни. Починат е и пациент (72г) на 21 јуни, денеска е потврден неговиот позитивен резултат, се наведува во информацијата

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 74 оздравени пациенти од: Скопје 37, Штип 3, Прилеп 5, Тетово 24, Велес 1 и Гостивар 4

Реклама

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во Македонија од почетокот на епидемијата изнесува 5311, бројката на оздравени пациенти е 2048, на починати е 251 а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3012, наведува Министерството.

Досега во земјата се направени вкупно 53,248 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Синдикат на Клинички центар: Со покачувањата, платите на специјалистите се 55.000 денари, далеку од ветените 100.000

Next Post

Продавачка тешко повредена од машина за мелење месо

Реклама