Dark Mode Light Mode

Македонските туристи лани во Грција потрошиле 114 милиони евра

Вкупно 114 милиони евра лани потрошиле 948.000 македонски туристи кои ја посетиле Грција, покажуваат податоците на Банката на Грција. Во информацијата која денеска ја пренесе државната агенција МИА се наведува дека во изминативе години постои тренд на намалување на бројот на наши туристи во соседната земја и износот на парите кои се трошат за туристичките престои.

-Ова бројка што е за 20 отсто помала во споредба со туристите во 2018 кога имало 1.187 000 граѓани кои тогаш поторшиле за 26,3 отсто повеќе пари. Просечниот трошок по лице е 121 евро, а просечниот трошок по ноќевање, 48 евра, се наведува во инфорамцијата.

Доколку се направи споредба на бројот на пристигнувања од Македонија во Грција во изминатите осум години, најмногу имало во 2015 година, 3.018.363, а најмалку лани кога за прв пат бројката е под еден милион. Слична е ситуацијата и во однос на бројот на ноќевања. Во 2014 и 2015 година имало над шест милиони ноќевања, а лани 2.348.726.

Реклама

Со намалениот број пристигнувања и ноќевања се намалиле и приходите за Грција од туристи од нашата земја, па од 203 милиони евра во 2013 година, 261 милион во 2014 и 245 милиони евра пред пет години, лани се намалил на 114 милиони евра. Македонија е на 27-то место од вкупниот број на пристигнувања во Грција, а на шестото во однос на пристигнувањата по копнен пат.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Стартува изборната кампања, скопјани апелираат да нема лажење и манипулации

Next Post

Ги слушна ли власта и судството барањата од протестот „Правда за Кољо“?

Реклама