Dark Mode Light Mode

Ги слушна ли власта и судството барањата од протестот „Правда за Кољо“?

Да се прифати жалбата, делото „убиство во миг“ да се преквалификува во „убиство“ и враќање на случајот на повторно судење, се барања кои синоќа пак беа испратени на протестот на граѓаните „Правда за Кољо“. Граѓаните протестираа во центарот на градот, пред Министерството за правда, незадоволни од изречената тригодишна затворска казна за убиецот на 17-годишно момче од Ново Лисиче Никола Христовски во август минатата година.

-Она што е напишано во пресудата не соодветствува на инцидентот кога беше убиен мојот син. Се сомневам и во вистинитоста на медицинската белешка на осудениот за убиството. Очекувам судот да ја прифати жалбата, делото да го квалификува како убиство и да го врати случајот на повторно судење. Ако сакал од 10 души да се одбрани во тој случај би било убиство во миг. Но Никола му дошол голорак и во ситуација еден на еден тоа не е убиство во миг, изјави таткото Игор Христовски.

Тој рече дека државата мора да реагира за во иднина да не се случуваат вакви немили настани. Односно, мора да има законски измени во однос на поседување на ножеви кои сега се лесно достапни на пазари и во продавници за лов и риболов.

Реклама

Ги слушна ли власта и судството овие барања?

Инаку, пред неколку денови имаше и друг голем собир на граѓани во Аеродром кои изразија незадоволство од судска одлука.

-За искубана коса на една сдсмовка осудија човек на 4 години затвор, за убиство на дете истиот суд досуди само три години затвор. Ова ли е правдината која дојде во Македонија со оваа власт? Ова ли ќе биде иднината на земјата и младите, ни истакна тогаш едно лице од оние кои протестираа.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Македонските туристи лани во Грција потрошиле 114 милиони евра

Next Post

Ужас: Дванаесетгодишно дете прободено во грбот со остар предмет кај Зелено пазарче

Реклама