Dark Mode Light Mode

Тројца приведени заради марихуаната, 20-годишник шетал со нож на „Пластичарска“

Четири лица се приведени во три одвоени полициски акции извршени од страна на полицијата на различни локации во градот, соопшти полицијата.

Двајца скопјани се лишени од слобода доцна синоќа на месноста „Три круши“ блиску до селото Драчево.
-Полициските службеници кај лицата Ф.С.(24) и Т.М.(26) при извршен преглед пронајде марихуана. По документирање
на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок, се наведува во информацијата.
Дрога ноќеска по полноќ била откриена и кај 27-годишниот П.Р. од Скопје. Тој бил запрен, претресен и потоа приведен од страна на полицијата на улица “Коста Новаковиќ“ во скопската населба Аеродром.
-Вчера во 13,30 часот од полициски службеници од СВР Скопје на бул.“Никола Карев“ при извршен преглед кај Б.Д.(20) од Скопје пронашле нож на расклопување. Тој бил приведен поради сомнение за сторен прекршок од Законот за оружје. По документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок, соопшти МВР.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

За заразените од Корона по 6. јули – нема гласање на изборите!

Next Post

Долговите за вода може да се платат на рати без камата

Реклама