Dark Mode Light Mode
Долговите за вода може да се платат на рати без камата
Шилегов ја најави „Лајка“, ќе запрат ли каснувањата на скопјани од кучиња –скитници
Дебар го спасивте – БРАВО! На Скопје – капитулиравте

Шилегов ја најави „Лајка“, ќе запрат ли каснувањата на скопјани од кучиња –скитници

Скопскиот градоначалник Петре Шилегов за следна недела го најави отворањето на стационарот за хуман третман на бездомните животни „Лајка”.
-Имавме мал застој во доопремувањето на стационарот поради вонредните состојби и епидемијата. Сега, таму се на крај, се заврши со целосно опремување, деновиве треба да имаме надворешно уредување на целиот тој локалитет и негово уредување. Очекувам следната недела конечно тој капацитет да го ставиме на располагање на граѓаните на Скопје, изјави Шилегов на прес-конференција одговарајќи на прашање во однос на стационарот.
Тој рече дека очекува за неполна година дека стратешки ќе се реши проблемот со бездомните кучиња во градот. Дали така и ќе биде останува да се види бидејќи проблемот со кучиња-скитници е еден од најсериозните во градот. Откако заради реконструкција беше затворен поранешниот стационар „Вардариште” а ЈКП „Комунална хигиена” запре со заловувањето и стерилизирањето, бројот на бездомните кучиња на подрачјето на градот се зголеми на околу осум илјади. Тие претставуваат голем закана за граѓаните од кои, речиси секојдневно, неколкумина се искасани. Според програмата на „Лајка” се предвидува заловување на нерегистрирани/видно необележани кучиња на јавни површини, без сопственик, нивен преглед во ветеринарната служба во стационарот, привремено сместување во стационарот до нивно вдомување или враќање на локација од каде што се заловени или трајно згрижување во резерват за кучиња. Претходно кучињата ќе бидат тестирани, третирани, вакцинирани против беснило и заразни болести, дехелминтизирани, стерилизирани и обележани со ушна маркица и микрочип.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Долговите за вода може да се платат на рати без камата

Next Post

Дебар го спасивте – БРАВО! На Скопје – капитулиравте

Реклама