Dark Mode Light Mode

Од црно – поцрно: 193 заболени и девет починати

Нови 193 нови случаи на заразени од Ковид-19 во последните 24 часа, а починаа 9 лица. Направени 1.391 тестирање, соопшти Министерство за здравство за изминатово деноноќие.
Како и во претходните денови и сега најголем број од новозаразените се од Скопје – 140, а потоа следат: Куманово 2, Дебар 1, Штип 6, Тетово 19, Струга 5, Велес 2,
Охрид 11, Гостивар 4, Свети Николе 1 и Ресен 2.
-На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа три лица од Скопје на возраст од 78 и 47 години хоспитализирани на 4 односно 7 јуни и пациентка на 85 години, хоспитализирана на 9 јуни. Во ГОБ „8 септември” починаа четири лица, двајца пациенти од Скопје на возраст од 69 и 67 години, хоспитализирани на 9 односно 15 јуни, пациентка од Куманово на 67 години, примена на 2 јуни и пациент од Тетово на 61 година, примен на 2 јуни. Во ОБ Куманово почина пациент на 81 година, хоспитализиран на 3 јуни, во ОБ Охрид пациент на 83 години, примен во болницата на 8 јуни, се наведува во информацијата. Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 46 оздравени пациенти од: Скопје 35,-Куманово 1,Штип 6,Тетово 1, Струга 1,  Гостивар 1 и Валандово 1.
-Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата  изнесува 4.482. Бројката на оздравени пациенти е 1.803, на починати е 210, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2.469, информира Министерството.
Досега во земјата се направени вкупно 46.445 тестирање на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Две години од Преспанскиот договор: што добивме?

Next Post

Во наредниве седум дена раст на хоспитализираните пациенти, потоа намалување

Реклама