Dark Mode Light Mode
Казни за 1.143 граѓани за неносење маски
ВМРО-ДПМНЕ: Тони отпад се фрлаат на дивите депонии во Ново Село, Визбегово и Вардариште, Шилегов не превзема ништо
Засилените контроли навистина ли насекаде засилени ќе бидат?

ВМРО-ДПМНЕ: Тони отпад се фрлаат на дивите депонии во Ново Село, Визбегово и Вардариште, Шилегов не превзема ништо

Секој ден тони отпад се фрлаат на дивите депонии во Ново Село, Визбегово и Вардариште, а Шилегов не превзема ништо. Ова денеска го истакнуваат од советничка група на ВМРО-ДПМНЕ на Град Скопје.

-Скопје е најзагадениот главен град во Европа. Со пасивноста на Шилегов и непреземањето на конкретни активности се ризикува еколошка бомба во Скопје, во ситуација кога главниот град е веќе најпогоден од корона заразата.

Во дел од депониите, како што е Вардариште не само што е нем посматрач, туку градот Скопје е и активен учесник во создавањето на депонијата. Фотографиите кои ги објавуваме се фрапантни и вчудоневидувачки, говорат за негрижата на градот Скопје, комуналните инспектори и пасивноста на Министерството за животна средина и просторно планирање. Градот Скопје мора да се откаже од дивата претоварна станица Вардариште и да санкционира диви депонии на само неколку километри од центарот на градот.

Реклама

Тажната слика за Скопје се дивите депонии Вардариште, Визбегово во близина на Шуто Оризари и Ново Село во Ѓорче Петров. Шилегов го ризикува здравјето на скопјани со својот пасивен однос кон овие депонии кои неретко се запалени, испуштаат токсични материи и се еколошка бомба во градот. Шилегов треба да го батали политиканството и навредите и нека се фати за работа. стои во соопштението на опозиционерите.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Казни за 1.143 граѓани за неносење маски

Next Post

Засилените контроли навистина ли насекаде засилени ќе бидат?

Реклама