Dark Mode Light Mode

7 пациенти починаа, дури 125 лица се новозаразени од вирусот- во Скопје 89

Седум пациенти починале од вирусот, а 125 лица се новозаразени. Ова пред малку го соопшти Министерството за здравство преку Фејсбук.

-Во последните 24 часа се направени 1019 тестирања, а регистрирани се 125 нови случаи на ковид-19, стои во соопштението.

По градиви ова се бројките на новозаразени:

Реклама

– Скопје 89, Куманово 4, Штип 2, Прилеп 2, Тетово 11, Струга 3, Велес 1, Охрид 8, Гостивар 1, Струмица 2, Кичево 1, Ресен 1

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациент од Скопје (79г) на клиниката од 19 мај, пациентка од Струга (66г) хоспитализирана на 8 јуни, пациентка од Скопје (54г) примена на 5 јуни и уште една пациентка од Тетово (46г) која починала при прием во амбулантата.

Во ГОБ „8 септември“ почина пациентка од Скопје (77г.) примена на 8 јуни и пациентка од Струга (73г.) примена на 7 јуни. Во болницата во Штип почина пациент на возраст од 87 години, хоспитализиран на 26 мај.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 6 оздравени пациенти.

Досега во Македонија се направени вкупно 39033 тестирања на ковид -19. Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 19 теста се во рамките на скринингот во градинки во Скопје, нема позитивни резултати на ковид-19.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 3364, бројката на оздравени пациенти е 1664, на починати е 164, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 1536.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Тетовчанец проголтал марихуана пред да го уапсат, кај други две лица најден хероин

Next Post

Чаир со најмногу заболени– 195, а Бутел, Центар, Аеродром, Г. Баба и Карпош се изедначуваат

Реклама