Dark Mode Light Mode

Казни за 1.143 граѓани за неносење маски

Се повеќе граѓани кои не се придржуваат до мерките за заштита од корна вирусот се санкциоираат од страна на полицијата. По завчерашните санкции кон околу илјада граѓани заради неносење на заштитни маски, полицијата во изминатово деноноќие казнила 1.143 такви прекршители. Казна за вакви вид прекршок изнесува 20 евра во денарска противвредност.

-На 905 лица им се издадени решенија за изолација, а 120 лица потпишале изјави за самоизолација. Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација и не се евидентирани лица кои не ја почитувале мерката за изолација и самоизолација, се наведува во денешното соопштение на МВР.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Нестабилното време нема да не остави и денеска и во наредниве денови

Next Post

ВМРО-ДПМНЕ: Тони отпад се фрлаат на дивите депонии во Ново Село, Визбегово и Вардариште, Шилегов не превзема ништо

Реклама