Dark Mode Light Mode

Последен ден од учебната година „пуштена низ вода“ без стратегија и анализи

Денеска е последниот ден од учебната година, досега никогаш слична како претходните. Корона вирусот ја претвори учебната година во т.н. он-лајн учење кое не ги даде резултатите како во земјите кои важат за европски демократски развиени и богати.

Во Македонија, за жал се уште има подрачја непокриени со интернет, но не само интернет, постојат домаќинства кои не можат да си дозволат да им овозможат на своите деца ниту компјутери. За ова министерството за образование не најде решение, исто како што нема никаква анализа за тоа како од септември ќе се почне наставата ако корона вирусот продолжи. Второто е извесно, веќе е најавено и од СЗО и домашните власти, но за првото – молк.

Министерот Арбр Адеми последен пат во јавноста се појави на 1 јуни да го честита светскиот ден на детето, па преку Фејсбук порака порача дека ќе се инвестирало во децата, и толку. Безмалку истиот ден во интервју за МИА даде изјава дека „ќе размислеле во насока на реорганизирање или поинакво организирање и реализирање на наставата во училишните клупи“, ако се соочеле со истата ситуација и наесен. Неговата заменичка Елизабета Наумовска јавноста не ја ни познава ниту некој ја видел во медиумски настапи каде презентира стратегии.

Реклама

Непријатно, но реално, изгледа на првите луѓе во овие клучни моменти кога не смее да се дозволи уште една промашена година како изминатава не им е баш во прв план. Можеби треба колективно да ги замолиме да се смилуваат и да сработат нешто, што инаку им е во описот на работните задачи за кои се поставени на функциите, а и дебело платени?

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Нема нов полициски час, ќе се засилуваат контролите во одредени подрачја

Next Post

„Налепница“ залепи награда на фестивалот во Бруклин

Реклама