Dark Mode Light Mode

Како миењето улици пред избори станува ударна вест?

Интернет порталите изминатите месец и пол се преполни со куси вести и фотографии за измиени улици, закрпени дупки по улиците, призавршени (баш сега) кружи текови, поставени клупи, окосени тревни површини… Да не е тоа поради најавените избори?

И сето тоа што го направиле е секако за поздрав, но според „тежината“ на сработенето е, отприлика, исто како на ученик да му кажете дека треба да носи ранец и прибор за пишување. Па тоа се подразбира дека треба да се прави. Ушеникот да носи ранец, а градоначалникот да коси трева.

Затоа и скопјани се повеќе се алергични на фалбите на градоначалниците дека измиле улица- како последната информација за Карпош. Имено, работите како оваа се подразбираат и не треба ниту да бидат вест. Но, самото тоа што преку ваквите информации локаните властодршци се трудат да добијат поени, покажува дека крупните ветувања што ги дале се или подзаборавени или незавршени.

Реклама

Слична информација објави и општина Центар, како се дезинфицирале улиците и колку тони детергент се потрошило продолжениот викенд. Градското претпријатие пак „Паркови и зеленило“ се испофали дека ги кастреше гранките над улиците во главниот град. Ова е акција што е во опис и попис на потребата од постоењето на претпријатието, и не треба воопшто да биде вест.

Во меѓувреме, викендов и скопскиот градоначалник од Маврово се пофали дека го завршил кружниот тек кај поликлиниката во Чаир. Веста предизвика честитки, ама и критики на социјалните мрежи, заради тоа што градскиот татко не остана во градот за кој треба да е тука 24/7 (што и го ветуваше) – туку во време на карантин, во првата прилика си замина.

 

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Од 658 активни случаи на заболени во Скопје најмногу се во Чаир, Бутел, Гази Баба...

Next Post

Денеска премиера на две композиции на нашата Дарија Андовска во Минхен

Реклама