Dark Mode Light Mode

Бројот на новозаболени никако да опадне: Нови 127 заразени, тројца починати

Во последните 24 часа се направени 702 тестирања, а регистрирани се 127 нови случаи на ковид-19, соопшти Министерството за здравство. Како и во изминативе денови најмногу заболени има во Скопје 67, Куманово 1, Дебар 1, Штип 33, Тетово 10, Струга 5, Охрид 6, Кочани 2 и Пробиштип 2. Бројот на заболените вчера изнесуваше 111, а во изминативе неколку дена и повеќе од тоа.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациент од Куманово на 70 години, хоспитализиран на 4 јуни и двајца од Скопје, пациент на возраст од 62 години, хоспитализиран од 5 јуни и пациент на возраст од 78 години, хоспитализиран на 2 јуни, се наведува во информацијата.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 7 оздравени пациентиСкопје 4, Тетово 2 и Гостивар 1

Реклама

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 3152, бројката на оздравени пациенти е 1653, на починати е 156, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 1343, информира Министерството.

Досега во Македонија се направени вкупно 37027 тестирања на ковид -19. Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 28 теста се во рамките на скринингот во градинки во Кочани, нема позитивни на ковид-19.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Надлежните провериле: Скопјани пијат чиста вода

Next Post

Центар со 64 случаи изби на второ место по број на заразени во Скопје - веднаш по Чаир

Реклама