Завршува тековната година. Се сумираат резултатите на оствареново по разни области во Македонија. Дали во минативе 365 дена уметноста го имаше своето заслужено место во земјава? Има ли простор за вистинските уметници или…?
За познатиот и докажан музичар Кокан Димушевски нема дилема:
– Уметноста е заборавена и скоро забранета од пред неколку години. Имам чувство дека вистинските уметници се буткаат на маргините на општеството создавајки се поголем простор за масовна неукост и невкус бидејки со таквите полесно се владее и стануваат послушници на едно тотално безумие. Мислам дека е помината критичната точка од која нема враќање, ненормалното станува нормално и меинстрим култура и тука тешко дека ќе има поправен испит. Уметноста и уметниците едно време беа предвесници на социјал-политичко-економските идни случувања додека сега постанаа евтина и проста copy/paste мисла. Што поголем хаос создаден, толку повеќе лажни пророци ќе се појавуваат, истакна Димушевски во интервју за бесплатниот весник „Македонско Ехо“.
Ќе има ли подобрувања на подобро во идната година?