Dark Mode Light Mode

На први и втори јануари ЈСП ќе сообраќа по неделен возен ред, од понеделник по редуциран зимен ред

Утре, на 01.01.2022 год, возилата од јавниот превоз ќе сообраќаат по неделен возен ред, при што првите вклучувања на возилата ќе бидат подоцна од воообичаеното, а останатите согласно неделниот возен ред, информираат од Јавното сообраќајно претпријатие-Скопје.

Во недела ќе се вози по неделен возен ред, со вообичаените термини на првите вклучувања на сите линии.

Денеска, петок, сите билетарници и центри за персонализација ќе работат до 17 часот.

Реклама

Утре, сабота, дежурни од 10 до 17 часот ќе бидат билетарниците на Транспортен центар, Зелено пазарче и билетарницата во Ѓорче Петров.

Во недела, дежурни од 7 до 19.30 часот ќе бидат билетарниците на Транспортен центар и Зелено пазарче, а од 7 до 13 часот ќе работи билетарницата во Ѓорче Петров.

Од понеделник јавниот превоз ќе сообраќа по редуциран делничен зимен ред, поради училиштниот зимски распуст.

Жичарницата утре, ќе работи од 11 до 17 часот а во недела, вообичаено од 10 до 17 часот.

Во понеделник, нема да работи, бидејќи секој понеделник, како и секој последен вторник во месецот се врши редовен преглед на објектот, соопштуваат од ЈСП Скопје.

Ги потсетуваат корисниците на годишните средношколски билети за бесплатно користење на јавен превоз, дека тие нема да важат за време на претстојниот зимски распуст.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

177 санкционирани возачи во Скопје, 43 биле под дејство на алкохол

Next Post

Стопиран планот за градење 99 згради во Расадник, се бара референдум за паркингот кај „Холидеј ин“

Реклама