Dark Mode Light Mode

Новогодишна „честитка“: Денеска ќе се знае новата цена на струјата

На само ден пред дочекот на Новата година граѓаните ќе ја слушнат „честитката“ од власта – новата зголемена цена на струјата. И покрај тоа што сите изминати месеци, особено последниве денови Регулаторната комисија, односно надлежните, се обидуваат да звучат смирувачки, дека струјата ќе поскапи околу 10 проценти, голем дел од луѓето немаат доверба во кажаното.

Предвидувањата пак, од познавачите и енергетските експерти, се далеку поцрни, односно дека зголемувањето ќе биде за 50 отсто и дека можеби ќе се слушува етапно во краток период. Како и да е, на наизвесноста и дојде крајот, бидејќи денеска Регулаторна ќе има конечна информација.

Она што дополнително ги вознемири граѓаните на Македонија е најавеното барање од БЕГ за поскапување на цената за парното греење за 300 отсто. И за ова Регулаторна се обидува да смири толкувајќи го како несоодветно и нереално барање во овој момент, бидејќи ако се случи, тоа би значело масовно исклучување на граѓаните од системот на парно греење и преминување кон употреба на електричната енергија. Ова ќе значи сериозни проблеми во дистрибутивната мрежа во деловите на Скопје, каде што има парно, оти не е подготвена да прими енормно зголемена потрошувачка, а ќе се влоши и состојбата во однос на набавката на струјата.

Реклама

Што ќе се биде епилогот во врска со цената на парното не се знае. Денеска граѓаните прво ќе го слушнат поскапувањето на цената на струјата.

Ќе слушнеме ли и зошто дојде до тоа Македонија да нема доволно своја ел. енергија па мора да увезува? Одговорност ќе има ли?

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Ги повика за да се фотографираат или ќе има совети што ќе бидат уважени?

Next Post

Најновото од Кујунџиски, „Сфинга на гневот“ е македонскиот претставник на „Балканика“

Реклама