Dark Mode Light Mode

Не е фер што снегот не им се јави на зимските служби дека доаѓа

Нешто пообилен снег кој заврна кога e и најочекувано беше доволен веднаш да настанат проблеми на македонските патишта. Дали можеби требаше снегот да се јави барем со СМС-порака дека доаѓа во Македонија?

Ако се јавеше може ќе се подготвеа скапо платените институции и немаше да има проблеми со одвивањето на сообраќајот. Но без таа порака еве сега се забрани сообраќај за тешки товарни возила на патните правци крак Маврово – Дебар кон Жировница и Тетово – Попова Шапка, се забрани движење на камионите преку планинскиот премин Ѓавато, како и движењето на камионите и автобусите на патот Тетово – Попова Шапка… Поради замрзнат пат се затвори и патниот правец меѓу Куманово – г. п. Белановце, помеѓу с. Алашевце и с. Извор, а одрони на камења направја проблеми меѓу Пехчево и Делчево, во струмичко, кај Македонски брод…

Има и отсечени села.

Реклама

Добро е што снегот увиде дека згрешил па денеска не вее и состојбата донекаде се подобрува и некои забрани се тргаат. Излезе дека снегот и дождовите пак ги изненадија надлежните од зимските служби и тоа токму кога беше најочекувано дека снегот ќе заврне и кога имаше токму таква прогноза на метеоролозите. Зошто е така, зошто кога ќе заврне снегот веднаш станува тешко да се стаса до дестинации кои се малку повисоки – надлежните треба да одговорат. Но, да потсетиме – истите прашања се поставуваат секоја зима и пак нема подобрување.

А владините функционери неодамна во „Македонија пат “ се пофалија со набавката на нова механизација, со нови 15 комплетно опремени камиони и 3 машини за утоварање на ризла и сол за потребите на Јавното претпријатие за одржување на магистралните и регионални патишта. Што вчера правеа новите камиони платени три милиони евра не е познато. Можеби биле на некои други локации, можеби треба уште камиони…

Сепак, да се надеваме дека следниот пат снегот ќе се јави барем 3 дена порано пред да реши да вее.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Заев замина од лидерската позиција во СДСМ, кога ќе замине и од Владата?

Next Post

Бензините поскапуваат за 2, а дизелот за 1,5 денари за литар

Реклама