Dark Mode Light Mode

Бесплатни кеси само во продавниците за облека, обувки, козметика, аптеки

Надоместок од 15 денари не се плаќа за пластични кеси за носење на стоки и не подлежат на стандардите за биоразградливост се оние кои се даваат на потрошувачите во продавници каде се продаваат стоки што не се за секојдневна општа употреба како книги, облека, обувки, алати, електрична и електронска опрема, продавници за покуќнина, занаетчиски дуќани, за сувенири, уметнички галерии, за козметички производи, аптеки (земјоделски, за медицински помагала и сл.), појаснуваат од Министерството за екологија по недоразбирањата кои се појавија во јавноста.

– Овие кеси се препорачува да бидат подебели (над 50) како би можеле да се употребуваат повеќекратно и да се отстранат во контејнерите за пластика (жолт контејнер) од каде би се однеле на рециклажа во локалните компании за рециклирање и кај самите производители на пластични кеси кои повторно од нив би направиле нови кеси, велат од Министерството.

Исто така и кесите за ѓубре не се опфатени со овие мерки, бидејќи идејата е во овие почетни мерки да се опфатат субјектите што тргуваат со стока за секојдневна широка и најмасовна потрошувачка, за подоцна да се примени и во останатите места за продажба.

Реклама

Она што е дозволено да се продава по цена од 15 денари се биоразградливи кеси за носење на стоки што се произведени согласно пропишаните стандарди за биоразградливост објавени во Правилникот за стандардите за биоразградливост – во мини маркети, супермаркети, гранапи, пиљарници, мали продавници за секојдневни намирници, пекарници, киосци, киосци за брза храна, зелени пазари, бензински станици со минимаркети.

Многу лесните пластични кеси за носење на стоки се целосно забранети.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Никако да се намали смртноста од ковид: 16 починаа во 24 часа, има и 333 нови заразени

Next Post

Јавните институции во Скопје имаат рок од 60 дена да постават пристапни рампи за лица со попреченост

Реклама