Dark Mode Light Mode

Улични зафати во Даме Груев ги сменија трасите на линиите 22, 22А и 64А

Од утре, петок, од 8 часот до понеделник до 6 часот, поради градежни зафати на дел од улицата „Лука Геров“ во населба Даме Груев, возилата од линиите 22, 22А и 64А во тој реон ќе сообраќаат по изменет режим од вообичаениот, информираат од ЈСП Скопје.

Возилата од јавниот превоз во насока од Транспортен центар и Клинички центар до по надвозникот на улица „Лука Геров“ ќе сообраќаат по своите редовни траси, потоа ќе вртат десно по улица „Лепенец“, па лево по улица „Шар Планина“, па пак лево по улица Тиранска и од таму ќе се вклучат десно на улица „Лука Геров“ од каде што ќе продолжуваат по своите редовни траси до Лепенец и Никиштани.

Во насока од Никиштани и Лепенец до крстосницата на улица Лука Геров со улица Тиранска ќе сообраќаат по своите редовни траси, потоа ќе вртат лево по улица Тиранска, па десно по улица Шар Планина, потоа десно по улица Лепенец и пред надвозникот ќе се вклучат лево на улица „Лука Геров“ од каде што ќе продолжат по своите траси до Транспортен центар и Клинички центар, соопштија од ЈСП Скопје.

Реклама

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

По 25 години купени нови камиони за одржување на патиштата - сега уште снегот да не ги изненади

Next Post

Истражување кај нас: Намалена ефикасност на вакцините против ковид кај повозрасните мажи

Реклама