Dark Mode Light Mode

Ќе им дадат протоколи на матичните лекари или само 30 денари од вакциниран пациент?

Откако Владата одлучи да се доинформира за мерките кои ги предложи министерот Филипче, а беа насочени само кон невакцинираните лица во Македонија, сега министерот има нови идеи. Имено, најавува финансиска стимулација за матичните лекари ако над 70 отсто од нивните пациенти се вакцинираат. Мерката во вторник ќе и биде предложена на Владата. Филипче посочи дека утре состанок ќе одржи Комисијата за заразни болести.

– Матичните лекари да бидат финансиски стимулирани кога ќе надминат 70 проценти на вакцинација од вкупниот број на прикрепени пациенти да бидат наградени со 30 денари по пациент од вкупниот број пациенти кои се запишани кај нив. Има уште некои аспекти кои тука треба да се разгледаат, но мислам дека тоа е предлогот со кој ќе настапиме во вторник пред Влада, истакна Филипче.

Остана недокажано дали кога веќе се сетија на матичните лекари ќе им се дадат прецизни протоколи и упатства за лекување, дали ќе се организираат средби или на било кој друг начин ќе има меѓу докторите дообјаснувања околу проблемите кои произлегоа од пандемијата, се со цел системот на примарното и секундарното здравство да функционира посоодветно и поорганизирано против опасниот вирус. Нели проблем беше и дека пациентите доцна се јавувале во болниците? Тоа ќе го разрешуваат ли како проблем? Треба да се види и како при пандемијата да не бидат запоставени останатите здравствени проблеми на населението. Секако, министерот Филипче ќе ги праша ли матичните и што им фали, дали некаде може државата да им помогне за да бидат поефикасни во време кога се претрупани со работа?

Реклама

Инаку, министерот истакна дека бил свесен дека претходните мерки за кои имаше бурни реакции кај јавноста – биле едни од најтешките мерки.

-Заклучивме дека треба дополнително да истражиме и да видиме дали ќе има некои слични мерки кои нема да бидат толку сериозни, да загрозуваат нечие работно место, а од друга страна ќе бидат стимулација за вакцинација, рече Филипче.

Да потсетиме: македонски медицински експерти истакнаа дека мерките кои ги предложи Комисијата и министерот немаат здравствена логика. А професор од правен факултет посочи дека се кршат многу закони и права на работникот.

 

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Од младите создаваме исплашени и несигурни луѓе

Next Post

Бесплатно направив повеќе од 700 куќарки за бездомни кучиња, ќе продолжам...

Реклама