Dark Mode Light Mode

Оставката на Заев и можните нови коалициски партнери – тема на ЦО на СДСМ вечерва

Актуелната политичка состојба, разговорите со потенцијалните нови коалициски партнери и дебата за оставката на Заев. Ова се темите на седницата на Централниот одбор на СДСМ што се одржува вечерва.

– Што ќе реши мнозинството тоа ќе биде одлуката. Ќе видиме како ќе оди дебатата внатре. Ако се отвори постапката ќе има секој право да се кандидира што ги исполнува условите, изјави членот на Извршниот и на Централниот одбор на партијата Мухамед Зеќири.

Заменик претседателката на СДСМ Сања Лукаревска изјави дека имаат повеќе теми за дискусија – следните чекори на партијата, околу парламентарното мнозинство, актуелната политичка состојба.

Реклама

– Тоа ќе го дискутираме на Извршниот и на Централниот одбор бидејќи самите овие две седници се токму по негово барање, рече Лукаревска околу оставката на Заев.

Седницата на Централниот одбор на СДСМ која ќе се одржи вечер, беше одложена во вторникот поради тридневната жалост.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Автобусот на „Беса транс“ оваа година 113 пати возел луѓе во странство со туѓа лиценца

Next Post

Скопјанец повикан во полиција поради говор на омраза за автобуската несреќа

Реклама