Dark Mode Light Mode

Град Скопје се приклучува кон иницијативата за одбележување на Светскиот ден на детето

Градот Скопје се приклучува на иницијативата за одбележување на Светскиот ден на детето – 20 Ноември и на покана на УНИЦЕФ ќе ги „обои“ во сино своите социјални мрежи фејсбук, твитер и инстаграм. На овие мрежи ќе бидат споделени постери со пораки за посреќно детство #ЗаСекоеДете.

По повод усвојувањето на Конвенцијата за правата на детето на Обединетите нации, секоја година на 20 ноември се одбележува Светскиот ден на детето, ден исполнет со активности реализирани од децата, за децата.

Во изминатите години, во знак на поддршка, јавни објекти и градски обележја беа осветлувани во сина боја, но годинава поради актуелната енергетска криза оваа кампања според насоките на УНИЦЕФ ќе се реализира онлајн, на социјалните мрежи.

Реклама

Оваа година акцентот на активностите по повод одбележувањето на Светскиот ден на детето се става на идеи за решенија на најголемите предизвици што ги засегаат нивните животи и нивната иднина, поврзани со три приоритетни теми: квалитетно образование, животна средина и квалитет на живот

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Треба ли во Комисијата за заразни болести да влезат и други доктори?

Next Post

Полицијата вчера казнила 107 возачи во Скопје, од нив 32 возеле пребрзо

Реклама